-Меџити и Ковачевски наместо да направат се пациентите со цистична фиброза да добијат лек тие ги навредуваат, односно си поигруваат со нив, пренесува 24info.mk.

Меџити, пациентот со цистична фиброза кој побара лек „Трикафта“ и кој се обрати на социјалните мрежи за да ја алармира јавноста, бидејќи очигледно не може поинаку, денес го нарече шоумен. Меџити ова го посочи во интервју за еден медиум, а во истото интервју за пациентот и вели „како може да се слика на оддел, тоа е забрането да се сликаш по телевизии, по камери“.

Меџити е министер кој зема плата од пари на народот и за истиот треба да се грижи.-додаваат од партијата.

Димитар Ковачевски и Фатмир Меџити не само што не се грижат за пациентите, туку и ги навредуваат и си поигруваат со нив. Нивна работа е да има лекови, услови за лекување и медицински персонал, но тие за ова не се грижат.

„Крај треба да стави, час поскоро на екипата целата елита предводена од Ковачевски.“-стои во соопштението