– Сето ова немаше да се случи доколку власта предводена од Заев и Филипче имаше барем малку, трошка разум. Но, зошто разум кога станува збор за здравјето на граѓаните?! Зошто Заев и Филипче би се грижеле за тоа, кога може да се грижат за тоа дали има доволно забава за нив, дали има доволно провизии од тендерите и набавките? Ним поважни им се сите овие работи од здравјето на граѓаните. Ним им е поважно дали има мотор или хеликоптер за да се провозат, од тоа дали има вакцини и дали населението ќе стекне имунитет. Нивното мото е провизии пред вакцини!, посочуваат од партијата.

Оттаму додаваат дека бројката на починати е 4.108, а Заев и Филипче се директно виновни за тоа. Заев и Филипче се директно виновни за хаосот во државава.

– Затоа мора оставки! Затоа мора Филипче и Заев да заминат од функции! Филипче и Заев ќе одговараат!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.