Не ни очекуваме Стево Пендаровски да ги разбере аргументите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со уставните измени. Добро е што над 80% од граѓаните ги разбираат аргументите и истите ги поддржуваат, му одговорија ВМРО-ДПМНЕ на шефот на државата за интервјуто во кое тој ја обвини опозицијата.
Очигледно Пендаровски се разминува со својот народ исто како што се разминува со реалноста и националните интереси.Пендаровски како претседател на државата треба да размисли зошто не ги разбира државните интереси и интересите на македонскиот народ.