Во следниот период ќе има јавен повик за кандидат за лидер иако извесно е дека ќе биде реизбран актуелниот претседател Христијан Мицкоски кој ужива најголема доверба. На централниот комитет вечерва е донесена одлука Конгресот да се одржи во Скопје.

Разговарале и за актуелната политичка ситуација и случувањата во собранието. Мисајловски вели дека наредните денови продолжуваат со разговори со сите политички партии вклучувајќи ги и Алтернатива. Остануваат на ставот за брзи предвремени избори.

На конгресот ќе се разговара за многу новитети, за идното делување и политиките на партијата. Ќе бидат поканети и гости а конгресот ќе се одржи во спортската сала Јане Сандански.