-Декорација на градот ќе се изврши во централното градско подрачје, скромно и ќе биде изведено од ЈП Комунално, Струга. Ваквата одлука е донесена со оглед на кризната состојба во енергетскиот сектор. Тие средства ќе бидат пренаменети за потребите на јавните претпријатија кои се во интерес на граѓаните. Забавата за деца како и секоја година ќе продолжи со прошетка на Дедо Мраз низ градот. Oваа година ќе се поделат награди и подароци, доделување на штедна книшка во износ од 15.000 денари за три прво роденчиња во Општина Струга, велат од општината.