Според партијата катастрофална грешка е воведување само на електронски учебници.

Велат, тоа го нема во ниту една земја во светот, ниту во најразвиениете.

– Електронските учебници можат да бидат помагала, ама не и на нив да се базира наставниот процес во целост. Наводната реформа на Царовска е за полнење на џебовите на поединци, а не за добро на децата. Туркањето по секоја цена да се смени системот е насилие. Повлекувањето на законот и негово враќање со европско знаменце е силување на законите и злоупотреба на процедурата закони од значење за нашата ЕУ интеграција. Царовска сака само да спречи дебата, некој да профитира, а децата да се осакатат, се наведува во соопштението на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ, велат како прва работа што ќе ја направи по паѓањето на СДСМ од власт ќе биде враќање хартиениете учебници и поведување постапка за злоупотреба на службената положба и овластување на сите кои ги оштетиле децата, граѓаните и буџетот.