ВМРО-ДПМНЕ досега не добило покана за какви било разговори за уставните измени, но како што посочуваат за МИА, тие нема да одбијат средба, но ќе повторат дека нема да поддржат уставни измени.
За МИА од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не е проблем да учествуваат, но дека на таквите средби ќе биде повторено дека нема да поддржат уставни промени и оти овој состав на власта го нема мандатот за таква работа.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека досега имало неформални координации, но оти смета дека оваа година треба да се почне со формален сет на консултации и јавни дебати.
-Јавни дебати во коишто ќе бидат вклучени и политичарите, ќе бидат вклучени и невладините организации, експертите, новинарите, јавноста, за да разговараме кои се аргументите контра и про уставни измени, рече Османи.
Тој оцени дека треба да се направи разграничување меѓу суштината на проблемот, а тоа е дали уставните измените се проблематични и партиско политичкиот интерес околу уставните измени.