ВМРО-ДПМНЕ нема намера да учествува во лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби, имавме јасни позиции, од тоа нема поместување, велат од партијата.
-ВМРО-ДПМНЕ има премногу јасни позиции и од тоа нема поместување. Несериозно е продолжувањето со лицитации, кое само покажува дека СДС ниту биле искрени, ниту пак имаат намера да ги заштитат националните интереси, ниту пак вистинска интеграција.
За нив ова е борба за функции и за преживување и одбегнување на кривично гонење.
Ковачевски треба да знае дека функциите ниту му се во џеб, ниту тој е тој која дава или зема, тоа го прави само народот на избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.