ВМРО-ДПМНЕ има јасен став, дека промена на Уставот под бугарски диктат нема да прифати, и не знаеме дали Ковачевски има проблеми со слухот или халуцинации. Ковачевски само зборува на празно, без да ги решава суштински проблеми на луѓето, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Македонија тоне во корупција, владата на чело со Ковачевски е корумпирана, што го кажува и Стејт департментот, а тој како расипана грамофонска плоча се фатил за уставни измени.
Луѓе како Ковачевски, кој е на чело на Владата која има изразита владина корупција е се само Европеец не.
Декларативните заложби на Ковачевски за ЕУ се празни флоскули.
Народот не и верува на власт и не ги одобрува нивните политики.
Ниту сопствените пратеници од СДС не му веруваат на Ковачевски. И тој како и Груби треба да каже дали пратеници од СДС, поточно 3 од првата и втората изборна единица кажале дека ако се овие уставни измени на маса нема да ги гласаат, и дали 6 пратеници од внатрешноста им рекле дека уставните измени се најлошото нешто што може оваа влада да го направи.
Исто така треба да го праша Груби, дали еден пратеник од ДУИ барал пари за да гласа за уставни измени.
Ковачевски да се сврти околу себе, да излезе од халуцинациите или да го поправи слухот, тогаш веруваме, ако не станува збор за други проблеми, ќе ја согледа реалноста, стои во партиското соопштение.