100 дена отчет на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена промени кои што носат подобра иднина, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во првите 100 дена реализирани или отпочнати над 1090 проекти, видливи проекти за добро на сите граѓани во општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Општина Илинден доби ново основно училиште, а во општина Брвеница се реконструираше спортската сала „Коста Рацин“. Во основните училишта и дел од градинките во општина Аеродром се поставија нови фотоволтаици, со цел заштедување на електричната енергија. Нови детски градинка се изградија во општина Сопиште, општина Кавадарци додека во завршна фаза се нови градинки во општина Кочани, општина Василево и општина Битола. Опремени се дел од детските градинки во општините Ѓорче Петров, Бутел, Велес, Свети Николе, Македонска Каменица, Прилеп, Вевчани Битолчани конечно ќе добијат современ градски стадион со изградбата на северната трибина. Во скоро време општините Кавадарци и Велес ќе добијат нови затворени градски пазари. Изградба на нова прочистителна станица во општина Сопиште за населеното место Ракотинци, додека во Свети Николе се уреди речното корито на Горобинска река, Изградени или реконструирани улици во скоро секоја општина во должина од над 100 километри. Општина Штип е општина без кал, нови улици во населените места во Кочани, Виница, Македонска Каменица, Карбинци, Пехчево, Ново Село и други. Во овие 100 дена откако градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ раководат со општините, се изградија или реконструираа канализациони и водоводни мрежи во Гази Баба, Кисела Вода, Петровец, Велес, Вевчани, Битола, Македонска Каменица и многу други општини. За 100 дена градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изградија или реконструираа 96 нови игралишта и паркови, а се исчистени над 200 диви депонии. Додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат и даваат отчет за сработеното, овие денови не видовме ниту еден градоначалник на СДСМ и ДУИ да испадне пред граѓаните и да даде отчет за сработеното. Нема отчет затоа што нема ниту проекти од градоначалниците на СДСМ и ДУИ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека можат и умеат, со нова енергија и план, со посветена работа и визија за подобар живот на сите граѓани, додаваат од таму.