Плата по колективен договор и трансформација на работниот однос. Тоа им е потребно на наставниците а не партиски препукувања во Собранието. Претседателот на Независниот Синдикат за Образование и Наука (НСОН), Томислав Гиевски вели дека крајно време е политичарите да работат за доброто на просветните работници.
Истовремено, вели Гиевски, политиката е завлезена на голема врата во секторот образование и истото создава немир и ја намалува продуктивноста кај работниците, а како најсериозен проблем го сметаме недостоинственото вреднување на трудот на просветните работници кои се најниско платени во споредба со државите во Европа.
Како Синдикат НСОН, бараат е да започне почитување на пресметка на плата која е предвидена во колективните договори за основното и средното образование, да се почитува минималната плата по закон во висина од 18.000 денари и трансформација на работниот однос по автоматизам, со положен стручен испит и поминат приправнички стаж.

Лидер: Законот за наставници деновиве е тема за партсики препукувања во Законодавниот Дом. За власта со него се безбедување правна и економска сигурност на наставниот кадар и да им се овозможи вработување на неопределено време на околу 4700 наставници, за опозицијата пак законот има за цел целосно да го партизира образованието. Која е пораката која во овој момент ја упатува наставниот кадар до политичките партии?

– Пораката која најголем дел од просветните работници ја упатуваат до политичките партии е дека е време да тргнат суетите, да престанат политичарите да војуваат врз штета на грбот на просветните работници. Време е просветните работници да добијат полсен начин за трансформација на работниот однос и време е просветните работници да добијат исплата на плата по колективен договор.

Лидер: Зголемување на минималната плата повлекува и зголемување на платите во сите сектори. Кои се барањата на Независен Синдикат за Образование и Наука (НСОН)?

– Барањата на НСОН се да започне почитување на пресметка на плата која е предвидена во колективните договори за основното и средното образование, односно коефициентот од 2.503 (во основно образование) и 2.533 (во средно образование) да се почитува како и да се почитува минималната плата по закон во висина од 18.000 денари. Како Независен синдикат за образование и наука се залагаме трансформацијата на работниот однос на просветните работници да се одвива по автоматизам, веднаш што работникот ќе положи стручен испит и ќе го помине приправничкиот стаж.

Лидер: Зошто социјалниот дијалог со владата го води СОНК?

– Сонк е синдикат формиран пред 30 години и има најголема подршка со членство помеѓу вработените во секторот образование и поради тоа истиот ги води преговорите. НСОН не се сложува со многу од стратегиите на СОНК но истоворемено го почитуваме изборот на мнозинство од колегите.

Лидер: Пред две години наставниците добија покачување на платите. Речиси сите корекции на платите се со закани за штрајк. Дали ова е едниствениот метод да се чуе гласот на просветниот работник?

– Штрајкот е најсилна алатка на работниците во случај на недостаток на социјален дијалог. Доколку работниците не ги добијат пропишаните права од колективен договор тогаш одбрамбен механизам е покренување на штрајк.

Лидер: Според Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) на Државниот завод за статистика , ни половина од децата во 2 и 3-то одделени не знаат да читаат и бројат. На кого ја препишувате ваквата поразителна статистика?

– Ваквата поразителна статистика ја препишуваме на несериозниот пристап на политичките партии кои со години прават притисок врз просветните работници, политиката е завлезена на голема врата во секторот образование и истото ствара немир и ја намалува продуктивноста кај работниците, а како најсериозен проблем го сметаме недостоинственото вреднување на трудот на просветните работници кои се најниско платени во споредба со државите во Европа, додава Гиевски.