Затоа оваа власт мора што поскоро да замине, за да дојде власт која ќе работи за доброто на сите луѓе.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за еден мандат ќе овозможи 50% од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас. Тоа значи дека 50% од семејствата само во еден мандат ќе имаат можност да користат поевтин и почист енергенс во своите домови.

Дополнително, за да се обезбеди енергетска сигурност на државата, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го продолжи животниот век на РЕК Осломеј и РЕК Битола, што истовремено ќе значи и поевтина струја за граѓаните.

Овие 4 години власт на Заев се 4 украдени години за граѓаните. Тоа мора да престане час поскоро. ВМРО-ДПМНЕ нуди концепт на напредок, сигурност и квалитетен животен стандард за граѓанинот. Македонија за сите луѓе, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.