На истиот се обратија повеќе лица од врвот на партијата, меѓу кои и претседателот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека Аеродром и Македонија конечно заслужуваат промени, а побара од граѓаните да не ги гласааат кандидатите кои „личат јајце на јајце“.

– СДСМ тука ви ветуваше нова гимназија, затворен зелен пазар, нова амбуланта во Лисиче, културен центар и нели аеро-аеро ќе го чистеле воздухот, рече вчеравечер Мицкоски пред аеродромци.

Мицкоски ги повика граѓаните да излезат масовно на локалните избори и да гласаат за број 7 за Тимчо Муцунски, Дејан Митевски, Трајко Славески и 82 за Данела Арсовска, односно како што рече тој на сите нивни поделби, афери, скандали, потценувања, криминали, пакости, да одговориме едноставно со излезност на овие избори.

-На сите нивни поделби, афери, скандали, потценувања, криминали, пакости да одговориме едноставно со излезност на овие избори. Постојат луѓе кои иако не го кажуваат гласно своето мислење, имаат свои ставови појасни од сите други. Тие не викаат, не се гласни, но нивната сила е најголема. Тоа е гласот на тивкото мнозинство кое овој пат одлучува. На тие луѓе им е смачено од политика, од ветувања кои не се исполнуваат, од чекање кое никогаш не завршува, тие се силата промените. Твојот глас одлучува. Излези и гласај за себе и своите најблиски, повика Мицкоски.

Од митингот во Аеродром се обрати и кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, кој истакна дека е време за промени во Аеродром, пред аеродромци вети бројни проекти, ќе реализира четири нови градинки, со нула денари трошок за родителите, ново кино, театар, читална, забавен парк, 100.000 квадрати зелена површина, современа, модерна и урбана општина пример за сите, со грижа за сите граѓани, како директна словенска помош за пристап до европските фондови.

-Додека власта не навредуваше, во Љубљана постигнавме договор за директна Словенска помош за пристап до европски фондови за општина Аеродром. Ние внатре во државата сме опозиција, но надвор работиме единствено и само во интерес на секој еден од вас. Навредите и клеветите се одраз на немоќ и незнаење. Затоа, дајте ние од Аеродром да им пратиме една силна порака: Колку пониско не удирате, толку повисоко се качуваме, и порача на власта порача Муцунски од Аеродром.

Муцунски се осврна кон програмата и посочи:

-Јас искрено верувам дека со заеднички сили ќе успееме да го направиме Аеродром многу почиста, современо организирана и модерна урбана општина, но и хумана животна средина, во која ќе биде возможно сите жители на целосно рамноправна основа да ги остварат своите права и да обезбедат за себе и нивните семејства достоинствен, пристоен и просперитетен живот.

Додаде дека ветува создавање на адекватни услови за отворање на поголем број на работни места, развивање и спроведување на редица економски трансформативни иницијативи и активности, кои ќе значат дополнително привлекување на странски инвеститори и унапредување на квалитетот на нашиот економски стандард и живот.