Јавни закани, безидејност, лаги и демонстрирање на моќ, преку притисок врз институциите на системот, велат од битолската ВМРО ДПМНЕ во денешното партиско соопштение.

„Ова е политичката матрица на СДС, партијата која откако се произнесе против велосипедските патеки и се соочи со граѓанско незадоволство, сега се обидува преку притисок врз правосудството, да обвини друг, за својата деструктивност и директниот удар врз развојот на градот.

Преку партиски соопштенија испраќаат јавна закана до општинското раководство, кое успеа да обезбеди европски пари за реализација на децениското барање на битолчани: велосипедски патеки. Дури најавуваат и директен линч на градоначалникот и секретарот, иако знаат дека не постои никаква правна одговорност, во случај каде воопшто не се потрошени финансиски средства.

Зарем сакаат да докажат дека искористувајќи ја нивната централна власт, ќе придонесат преку политичка моќ да ги елиминираат луѓето кои бараат реализација на проекти?

Дали, дополнително криејќи ја својата неспособност под превезот на лажна загриженост, сакаат да ги вратат политичките поени кои ги загубија уште многу одамна, внесувајќи го проектот за велосипедски патеки во развојната програма?

Со секое излегување во јавност на тема: велосипедски патеки, СДС, само уште повеќе потврдува колкава штета и нанесува на Битола.

На крај и самите ја признаваат својата најголема болка не сакаат да дозволат реализација на вакви големи проекти во време кога ВМРО ДПМНЕ раководи со градот, затоа што во “нивното” време покажаа целосна неспособност.

ВМРО ДПМНЕ, верува дека институциите на системот, нема да паднат под влијание на корумпираните политички структури на СДС, чија единствена цел е уништување на Битола“ стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.