Почнува Втората академија за здравство. Огромен интерес и за оваа Втора академија која денес се одржува во Штип, се вели во Фејсбук статусот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Одличен спој на стручност, експертиза, знаење, искуство и енергија. Фокус на оваа Втора академија се нови методи и процедури кои се имплементираат во здравствениот систем, како и новини во медицинските протоколи – најсовремена терапија која не е на позитивна листа и осврт на модели за финансирање за персонализирана терапија, истакнуваат од комисијата.

Оваа Втора академија за здравство е иницирана од врвни експерти, специјалисти во своите области кои се дел од нашиот здравствен систем, а со поддшка на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, додаваат од таму.