СДС и ДУИ гласаа за амнестија на нивните криминали, а спотерот, фолирантите од Левица не гласаа против измените на Кривичниот законик. СДС и ДУИ гласаа за амнестија на својот криминал изминативе 6 години и знаат дека со сигурност паѓаат, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС и ДУИ се спремаат за опозиција, знаат дека нема да ги имаат судовите повеќе под нивна контрола и ќе треба да одговараат за криминалот кој го прават, па затоа ги намалуваат казните. Левица е лицемерна како и секогаш, наместо да се бори против и да гласа против амнестијата на криминалците од СДС и ДУИ тие им помагаат. Левица е параван за политиките на СДС и ДУИ. Левица е за амнестија на криминалците од власта, се наведува во партиското соопштение.
„Ковачевски е премиерот кој ќе остане како лидер на најнеспособната власт, а Димитар Апасиев како човек кој преку шарената револуција и криминалното СЈО помогнал да се востоличи таа најнеспособна власт на СДС и ДУИ.
Треба да знаат ДУИ и СДС дека ме ги спасува амнестијата, и правда ќе има“ – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.