Затоа поставувањето на пиони на заевизмот, не е решение, туку само продолжување на една погубна и штетна политика.

Заев и заевизмот се изворот на кризите во Македонија и тие не може да бидат во никој случај дел од решението, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Концептот на заевизмот кој длабоко го всади Зоран Заев е причината поради која сме во енергетска криза, здравствено и економско тонење, осиромашување на народот и богатење на елитата околу власта на Заев. Затоа на Македонија и требаат коренити промени. Спроведување на предвремени парламентарни избори е решение на проблемите на граѓаните и државата во кои ги доведе Заев и неговата политика“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.