Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека заевизмот продолжува и со Сања Лукаревска.
-Таа е директорката на УЈП која ги толерира фирмите на Заеви со милионски долгови, додека фирмите на народот добиваат блокади. Миле Зечевиќ не е никаков нов кадар, тој е човекот на Заев, кој учествуваше во организирање на изборни нерегуларности во изминатите години. Зечевиќ е творец на партизацијата на администрацијата, полнењето со тетки мајки деца на функционери. Ништо ново не може да се очекува ниту од Стефан Богоев, градоначалникот на Заев, кој изгуби во Карпош, сега треба да губи и на ниво на држава. Ова се кадрите за порази на СДСМ, а тоа се гледа по Шилегов, кој изгуби во Скопје. Го врати градот назад и го закочи развојот, правеше само криминал и не работеше ништо, се наведува во соопштението.
Од партијата истакнуваат дека Шилегов е симбол за криминалот на СДСМ.
-Со просечна административна плата стигна до 4 луксузни станови, луксузна зграда во Скопје надградена на диво, луксузна вила од 300м2 во Маврово, луксузни автомобили вредни над 130.000 евра. Кој Скопје го задолжи 160 милиони евра. Игор Ивановски Шема кој направи пакт со Заевизмот за својата лична кариера. Кој 30 години ништо добро не и носи на Македонија. Тој е продолжение на кариерата на една Шекеринска. Во раководството на СДСМ на Ковачевски има место и за тепачи на жени како Ацевски, но и за вечни губитници како Андреј Петров. Костадинов кој е посинокот на Заев во политиката. Малото заевче измеќар на криминалната фамилија Заеви. СДСМ нема да биде СДСМ ако ја нема олигархијата. Нина Фити, чиј што татко ја осмисли транзицијата која остави 200.000 работници на улица, сега треба да ја дограби Македонија, да продолжи каде што татко и застана. Ковачевски во својот тим го има и Дарко Каевски кој на 30 години без ден работа во реален сектор, се стекнал со стан од 62 м2 и над 60 илјади евра во банка за само една година. Не може разединета партија како СДСМ да зборува за обединување. Иста реторика, Ковачевски како вистински пиун на Заев читаше исти реченици, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Сметаат дека ништо не е сменето во СДСМ, социјалдемократските вредности од минатото истите луѓе кога сами за себе велеа дека имаат плава крв сега се на чело на СДСМ.
Ковачевски е разгласна кутија на Заевизмот.
Димитар Ковачевски, човекот кој се поклонува на Заев и го надоградува Заевизмот. Како заменик министер активно учествува во зголемување на долгот историски највисок во државата, кој активно придонесува за инфлација и поскапување на цената на струјата.
Човек кој лажеше дека е дипломец на Харвард каде завршил обичен курс и кој докторирал на сметка на државата додека неговиот татко е амбасадор во Црна Гора.