Самиот факт што СДСМ му е портпарол на еден лик како Вице Заев, говори дека таа партија е претворена во приватна фирма на Заеви. СДСМ наместо да ги копира изјавите на Вице Заев треба да се огради од него, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

– Очигледен е криминалот кој е направен во РЕК Битола. Очигледно е дека Вице Заев изнудувал 250.000 евра од бизнисмен и за тоа постои пријава. Исто така очигледна е спрегата власт на Заев, обвинителство и полиција, бидејќи се гледа дека таа пријава е менувана се со цел да не стои името на Вице. Очигледно се потврдува изјавата дадена пред суд дека сите рекетирани пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви. И покрај тоа што ги води аболиран криминалец, СДСМ треба да се охрабри и да му се спротивстави на Зоран Заев. Вака се окупирана партија која не може да се ослободи од криминалот на Заев – велат од партијата.