СДСМ и нивните градоначалници имаа 4 години време да реализираат проекти, да решаваат проблеми и да подобруваат инфраструктура, но за жал поради нивната неспосбност и неодговорност ништо не направија.
Затоа граѓаните ги казнија на изборите. Сега градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе покажат и докажат дека промените кон подобро може да се направат со сериозна динамика.
Претседателот Мицкоски ќе продолжи да биде поддржувач на добрите проекти на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ затоа што тие се дел од нивните програми и партијата како и градоначаниците имаат обврска да го реализираат тоа кое што сме го ветиле пред граѓаните, велат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.