Тенденциозноста на СДСМ не поминува. Се обидуваат да спинуваат документ, кој повикува на итно отворање на преговори. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е гласно кажан на Конгресот од страна на претседателот Мицкоски.
За тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги застапува националните и државните интереси на Македонија пред ЕПП го повикуваме СДСМ да го проследат говорот на претседателот Мицкоски на Конгресот на Европската Народна Партија. Токму во тој говор јасно и недвосмислено беше потенцирано дека Македонија и граѓаните во Македонија заслужуваат отпочнување на процесот на преговори за членство во ЕУ, без било какви условување и негирања на македонскиот јазик и идентитет.
СДСМ поради кусогледост и болна амбициозност на нејзината врхушка им удоволи на оние кои го негираат македонскиот идентитет. Наместо за европски и демократски вредности, СДСМ ги стави во договорната рамка историските и идентитетските прашања, кои сега се камен околу вратот на државата.
ВМРО-ДПМНЕ, како и граѓаните во Македонија, јасно се противи и ќе се противи на ваквите анахрони, недемократски и неевропски да бидат услов на македонската интеграција во ЕУ.