Колку е лицемерието големо кај СДСМ покажува фактот што коалицираат со политичари кои се на црната листа на САД, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ не престануваат со лагите и криминалот. За да владеат и крадат коалицираат со лица кои се на црната листа на САД.
Љубе Бошкоски и Мендух Тачи се коалициски партнери на СДСМ кои се на црната листа на САД, а со кои Ковачевски и Заев се во коалиција.
Кога станува збор за власт, тие коалицираат и со политичари кои се на црната листа на САД, а за пари прават бизнис и со фирми кои се анти НАТО.
СДСМ за власт и пари прават се, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.