СДСМ знае дека ќе доживее дебакл, затоа не поддржува референдум, предавникот Ковачевски ја чува фотељата, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако СДСМ беа уверени дека договорот кој го постигнале и протоколот кој го потпишаче се толку добри, тогаш немаше да имаат проблем да излезат на референдум.
СДСМ знаат дека договорот е лош и дека е на штета на македонскиот јазик, идентитет и историја, и затоа бегаат од референдум.
На СДСМ им е страв од народот. Кој масовно се обедими против бугаризацијата планирана од предавникот Ковачевски.
Предавникот Ковачевски се крие и зад пратениците на СДСМ и зад владага во целост, бега од референдум и само се бори да ја зачува позицијата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.