Се повеќе пратеници од СДС и власта се за предвремени избори, Ковачевски да не ја држи во заложништво цела држава за пар кариери, соопштуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение соопштението

Расте гласот за предвремени избори во СДС само Ковачевски и Зечевиќ се против, зошто знаат дека ќе изгубат и дека потоа со нивните кариери е завршена работа.

Ковачевски и Зечевиќ сакаат некој месец повеќе власт, зошто знаат дека народор никогаш нема да ги избере, тие може само да бидат поставени без избори како сега.

Ковачевски бега од избори за да може фирмите на неговиот кум и на неговото потесно семејство да продолжат да се шират низ државата.

Ковачевски и Зечевиќ се уплашени од избори и ја држат и СДС и државата заложник, а тие се поставени како калфи на Ахмети и го слушаат Зајас, но и Струмица.

Време е Ковачевски и Зечевиќ да се охрабрат, да нивните кариери се на мета, но не може цела држава да биде нивен заложник, се наведува во партиското соопштение.