– Изјавата на господинот Џафери кој што доаѓа од владејачкото мнозинство сепак оставаме на самата Влада и на владејачкото мнозинство да изнајдат начин да го спроведат договореното. ВМРО-ДПМНЕ ќе стои на тоа што е договорено и ние ќе го дадеме нашиот придонес за да се реализира ова поместување на пописот и на таков начин да му се даде предимство на здравјето, имунизацијата и на еден побезбеден попис после неколку месеци, истакна Анотнио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ со став дека законот за одложување на пописот треба да влезе во собраниска процедура како предлог на Владата и дека тие се дел од договорот со најголемите коалициони партнери кои во формираат мнозинството, вклучувајќи го и претседателот на ДУИ Али Ахмети. Процедурите и постапките секако дека ќе бидат усогласени и со претседателот на Собранието.

– Претседателот Џафери согласно своите надлежности и согласно Деловникот ќе постапи онака како што треба а ние пратениците сме тука имајќи во предвид дека имаме консензус постигнат околу ова клучно прашање, верувам дека тоа брзо ќе го завршиме, посочи Снежана Калевска Ванчева.

Договорот за одложување на пописот наместо од први април да се одржи од 5 до 30 септември беше постигнат на вчерашната лидерска средба меѓу премиерот Зоран Заев и шефот на опозициската партија Христијан Мицкоски.