Шилегов да го застапува Градот и да го урива Титаник во Чаир. Наместо да глуми со галиите во Вардар, да отиде во Чаир и да каже како е можно да никне бетонско чудовиште како Титаник во сред Скопје, без дозволи за градба и никој да не го спречи неговото градење? Шилегов наместо празни зборови им должи одговори на скопјани, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод изјавата на Петре Шилегов.
Шилегов да постапи исполнително како што се обидува да се прикаже до галиите и да го сруши Титаник. Доколку Шилегов не постапи, скопјани ќе видат дека Шилегов прави огромна фарса и ништо друго. Време е да се стави крај на лицемерието. Време е за Македонија за сите луѓе, велат од партијата.