-Со денови Шилегов ги копира проектите на Данела и половично ги презема презентирајќи ги како свои. Но Шилегов не застана тука, туку почна да презентира и проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ги реализирало како свои. Подземната сообраќајница кај Јужен Булевар во која Шилегов се слика, а е дел од обврската која ја презема „Лимак“, како надомест за изградба на станбено деловен комплекс над истата е проект на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски кои го договорија проектот. Шилегов вчера се фалеше и со турбо кружниот тек кај Момин поток, кој е презентиран од Коце Трајановски во 2017 година, а за кој е оставена и целосна документација. Жално за Скопје е што Шилегов и после 4 години мандат нема направено ништо па мора да се фали со проекти на ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат од опозициската партија.

Веднаш по изборите и промената на градската власт, повторно ќе продолжат делата и проектите, како во Скопје, така и во сите општини низ Македонија, додават од таму.