-По промената на директорот на Шилегов во ЈП Паркови и зеленило е затекната состојба на сметка од 13.530.519 денари, и доспеани обврски од 35.650.252 денари. Со ова претпријатието е над 20 милиони во минус. Вака затекнатата состојба со немање на големи побарувања за наплата на ЈП Паркови и зеленило се доведува во прашање неговото нормално работење и навремена исплата на плати, велат од партијата.
Од таму додаваат дека состојбата во ЈП Паркови и зеленило е одржувана вештачки. Иста таква состојба е затекната и во другите јавни претпријатија. Шилегов и СДСМ оставиле пустош зад себе и празни сметки, со многу долгови.