Прво рече дека ќе ги сечат дрвјата долж средишното зеленило заради БРТ превозот, сега нема, прво едно зборуваше за кејот, сега друго испадна. Нема една работа за која Шилегов не се премислил. Идејата на Шилегов дека ќе го сочува зеленилото при изградба на таканаречениот БРТ превоз не соодветстува со реалноста, и е уште еден маркетиншки трик бидејќи 2 метри под моменталните дрвјаоди главната водоводна цевка за Скопје и при откорнување на дрвјата може да дојде до нејзино оштетување и пукање, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод прес конференцијата на Петре Шилегов.

– Така откорнатите дрвја ќе се уништени и за ново зеленило ќе треба да се купуваат нови дрвја. Зелените коридори кои сега ги најавува Шилегов ќе се направи сообраќаен хаос во градот Скопје. Најголем проблем е претоварањето на патниците кои ќе одат на дестинации кои не се опфатени со линијата на БРТ, бидејќи на линијата по коловозните ленти по кои ќе се движи БРТ нема да можат да се движат други автобуси. Дополнително неуко е зголемено растојанието на автобуските станици, и се организира превозот како Скопје да е полунаселен град, реагираат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека со вака поставен систем се создава проблем и при излегувањето и влегување на патниците во автобусите на БРТ имено кога ќе излегуваат од автобуската станица мора да има надпатници, за да можат да поминат на пешачка зона.