„Дали и колку од овие пари завршиле кај новиот „Рашковски“ – Аврамовска Мадиќ и „Тендер Шилегов“?, прашаа од партијата.
Учеството на тендери на град Скопје и нивно добивање од страна на „Армор плус“ во период додека Аврамовска Мадиќ е секретар на градот е класичен судир на интереси и фрла сомнеж за можна корупција.
Потребно е или Аврамовска Мадиќ да си поднесе оставка од позицијата или „Армор плус“ да не конкурира на тендери распишани од градот Скопје и неговите претпријатија, врз кои Аврамовска Мадиќ, како секретар на градот има влијание и моќ“ соопшти партијата.
Оттаму ја повикуваат ДКСК да го испита случајот со добивањето тендери од страна на „Армор плус“ додека секретар на градот е Аврамовска Мадиќ.
„Одговорност мора да има. Никој не смее да е заштитен пред законите“ се додава во соопштението.