– Ова е само уште еден криминал за раскрчмување на државно земјиште, за функционерите на СДСМ и ДУИ да се одделат од народот во скап комплекс за кој како што вели Шилегов се споиле сите институции само да се реализира. Дали вака институциите се ажурни кога се работи за некоја потреба на граѓаните или само кога е во прашање интересот на коалицијата на власт? Скопјани 4 години го чекаа Шилегов да се фати за работа и нешто да изгради. Се чекаше на тунелот под Кале, и не се направи, се чекаше на продолжување на булевар Илинден и не се направи, се чека на Универзална и нема ништо, но кога треба да се направат хациенди за елитата на власт веднаш се почнува со работа. Шилегов само работи за тесна клика на луѓе. Скопјани се оставени сами на себе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата порачуваат: „Време е за вистинска работа и проекти. Време е за Македонија за сите луѓе“.