ВМРО-ДПМНЕ ја започна акцијата „Ова е Македонија за сите“. Изминативе три дена 19 тима со 200 луѓе беа во посета помеѓу граѓаните.
Низ цела Македонија граѓаните се согласни дека се живее се посиромашно заради погрешните политики и криминалот на власта на СДС и ДУИ. На Македонија и граѓаните им се потребни промени, нова власт и иднина за која ќе се избориме заедно сите, велат од партијата.
Тим предводен од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски беше во посета на населените места Пинтија, Драчево, Припор и Усје. На средбите беше потенцирано дека се потребни промени и Македонија мора да се претвори во просперитетна земја.
Граѓаните бараат промена на централната власт. Граѓаните во Драчево бараат нова влада, влада која што нема да биде синоним за криминал и корупција. Граѓаните бараат план програма, чесност, граѓаните бараат надеж, нагласи Муцунски.
Тим предводен од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски беше во посета на повеќе населени места во општината Ѓорче Петров каде што беше истакнато дека со оваа власт на ДУИ и СДС Македонија тоне, а власта сака да украде милијарди преку изградбата на коридорите, затоа посочи е потребна промена на власта.
Нема економија, нема здравство, Македонија тоне поради СДС и ДУИ. ДУИ ја води државата а СДС мора да биде со нив за некој месец плус да остане на власт. Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, затоа е најважно ВМРО-ДПМНЕ да победи, нагласи Мисајловски.
Тим предводен од пратеникот Бране Петрушевски ги посети населените места Драгоманц, Младо Нагоричане, Алгуња и Никуљане. Граѓаните се жалат дека се заборавени, затоа е потребна промена на власта за да се врати надежта во Македонија.
Ваквите супстандардни услови ги одвраќаат граѓаните и се почесто се иселуваат. Македонија е секој еден граѓанин и мора заеднички да ја поразиме оваа однародена власт предводена од ДУИ, а поддржана од СДС за да можеме заедно со народот да ја вратиме надежта и да направиме економска преродба на Македонија, нагласи Петрушевски.
Тим предводен од членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков ги посети Aјватовци, Бунарџик и Марино каде што беше посочено дека додека централната власт ја запоставува државата, таму каде ВМРО-ДПМНЕ има локална власт се работи успешно и посветено.
Ги слушнавме потребите на граѓаните, ги слушнавме критиките кон оваа ненародна власт под водство на СДСМ и ДУИ но и како секоја одговорна партија им ги понудивме нашите решенија кои за скоро време на парламентарните избори ќе ги имплементираме во нашата програма и ќе тргнеме во поход со новата влада, изјави Љутков.
Тим предводен од пратеничката Рашела Мизрахи беше во посета на повеќе населени места во општина Кратово. На средбите се разговараше за проблемите кои поради неспособната корумпирана и одродена власт продираат во секој дом, семејство и поединец.
Народот е гневен и ја одбројува секоја минута до изборите со кои ќе ја урне тиранијата на ДУИ и помалиот коалиционен партнер СДС. Да ја градиме Македонија заедно, да обновиме се што е разурнато, да оживееме како феникс, да го вратиме нашето достоинство. Затоа што ова е нашето дома, нашето минато и нашата иднина, рече Мизрахи.
Тим предводен од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков беше помеѓу жителите на Горни и Долни Подлог, Грдовци и Бели во Кочани, каде заедно со граѓаните се разговараше за проблемите кои ги мачат луѓето во Македонија, постојаното иселување, и како што рече „во една година додека неизбраниот премиер е на функцијата над 20.000 луѓе се иселија“.
Над 300-400% се зголемија цените на репро материјалите и трошоците кои ги имаат за земјоделието. Сето ова ни укажува дека време е за обединување и конечна победа во Македонија, со вистински избрани народни претставници кои имаат само една идеја и мисла, а тоа е јавниот интерес, рече тој.
Тимот предводен од координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски ги посети населените места Лесковица, Драгоево и Лакавица при што жителите истакнаа дека централната власт ги има заборавено.
Од наша страна во нареден период при првиот ребаланс на буџет ќе бидат вметнати во вид на амандмани и сето ова во насока на подобрување на квалитетот на живот, заживување на овие населени места и зошто да не, размислување и за повраток на млади луѓе во овие населени места, рече Мицевски.
Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Драган Ковачки, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше во посета на Ратево, Будинарци и Митрашинци општина Берово.
Тука сме да ги слушнеме проблемите со кои се соочуваат. Ние се обврзуваме дека веднаш по промена на власта мора да има одговорност. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и сериозна политичка партија ќе преземе мерки и активности за заздравување на Македонија, да покажеме дека не сме исти како и останатите, заклучи Ковачки.
Тим предводен од пратеникот Игор Здравковски ги посети Водоврати, Ногаевци и Виничани, каде се разговараше за граѓаните за нивните проблеми, граѓаните се во апатија и беше посочено дека потребна е нова власт која ќе донесе достоинство за сите.
Разговараме со жителите на овие населени места за овие проблеми и нудиме решенија, доколку сме во можност од локална самоуправа да помогнеме, но доколку проблемите се од централен карактер, сакаме тие проблеми да ги вметнеме во нашата програма за претстојните парламентарни избори, рече Здравковски.
Тим предводен од претседателот на Унија Млади Сили, Сергеј Попов помеѓу граѓаните населените места во Општина Неготино истакна дека нема враќање, и дека идеи ВМРО-ДПМНЕ е таму за да ги слушне проблемите на граѓаните за кои ќе понуди решенија.
ВМРО-ДПМНЕ своите програми ги реализира, изборните програми се закон и устав. На овие средби важно е да зборуваме, да ги кажуваме работите отворено, тоа што ќе се вгради во програмата и ќе се оствари, нагласи Попов.
Тим предводен пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски беше во посета на повеќе населени места во општина Конче каде се разговараше за проблемите и потребите со кои се соочуваат жителите на оваа општина.
Разговаравме и за слабите приоритети кои владата ги дава за малите општини кои за жал имаат опструкции од владините органи. Жителите на Конче се согласни дека најдобро е да има смена на извршната власт за да може да има поголем, ред, грижа, да се намали корупцијата и Македонија да почне да се движи во правилна насока, изјави Милошоски.
Тим предводен од пратеничката Ели Панова ги посети Ново Секо, Мокриево и Сушица кои се се заборавени од оваа ненародна власт и беше исткнато дека на ова мора да се стави крај!
Патниот правец Струмица-Граничен премин Ново Село во должина од 22 километри е една од нај фрекфентните делници во Македонија поточно 8ма, ама за жал не е стратешка цел на ДУИ и Груби, па ветувањата на СДС уште пред 4 години дека ќе изградат целосно нов експресен пат е заборавено. 117 милиони се исплатени само вчера по криминалниот таен договор по основ пенали и аванси на Бехтел и Енка, а ова ветување немаат намера ниту да го отпочнат, бидејки едноставно државата ке нема пари за ништо друго, рече Панова.
Тим предводен од Владимир Ѓорчев, челен на ИК ги посети населените места Петрово, Миравци, Давидово, Милетково, Смоквица и Прдејци каде што од човек на човек, од куќа до куќа остварија средби со жителите.
ВМРО-ДПМНЕ доаѓа, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и во наредните шест недели ќе одиме во повеќе од 200 населени места да ја вратиме надежта во Македонија, да се бориме за Македонија, истакна Ѓорчев.
Тим предводен од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски беше во посета на населените места Големо и Мало Коњари и Беровци во прилепскиот регион. Тој истакна дека најголем дел од локалните проекти зависат од централната власт поради нецелосната децентрализација.
Секој викенд ќе бидеме на терен со граѓаните пред се во селата, а секој вторник и секој четврток ќе одиме во урбаните средини. Следниот период ќе стигнеме до секој оној кој сака да не слушне, а и ние сакаме да ги слушнеме маките на граѓаните, она со кое што се соочуваат, а секаде да поразговараме во однос на штетните политики кои што владата ги води како и се поевидентниот и брутален криминал и корупција, истакна Николоски.
Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски беше во посета повеќе населени места во општинаа Битола. Коњановски посочи дека сега се тргнува во победа за Македонија, држава без афери, судство како што доликува со правда за сите.
Овде сме да ги слушнеме вашите идеи, заложби, сето она разнебитување на Македонија по сите основи и да кажеме што ќе направи ВМРО-ДПМНЕ како партија која потекнува од народот, која знае како се работи и која докажала дека ја гради државата. Секако тука сме и како дел од локалната самоуправа иако знаете општината е отворена секојдневно за вас, рече Коњановски.
Тим предводен од пратеничката, Дафина Стојаноска, ги посети населените места во Општина Долнени и тоа на Лажани, Браилово и Пешталево. Стојаноска посочи жителите на Општина Долнени се многу незадоволни од негрижата како на централната, така и на локалната власт во овие населени места.
Генерално тие се занимаваат со земјоделие, имаат проблем со тутунопроизводството, со исплатата, со она што им е навистина неопходно и знаат да направат споредба како било во времето кога владата ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ, а како е изминативе шест години. Ниту пак веруваат во бајките на Артан Груби за коридорот 8 или во басните на Фатмир Бесими за тоа дека економијата ќе напредува. Многу добро знаат колку им стигаат нивните финансии, така да не веруваат во ниту една лага на актуелната власт, рече Стојаноска.
Тим предводен од пратеникот Мирче Аџиоски беше во повеќе населени места во охридскиот регион. Аџиоски истакна дека цел овие посети е да се одржува активна комуникација со граѓаните на кои ќе им укажеме дека сме тука за заеднички да се бориме и да се избориме за подобар живот и за подобар животен стандард.
Автопатот Кичево – Охрид на шест години од нивното доаѓање на власт, гледаме дека нема никаква реализација. А, дополнително на ова и новиот проект за автопатиштата кој уште непочнат заглави во криминал и корупција и за кој секојдневно излегуваат на површина криминалните зделки на Артан Груби и на Димитар Ковачевски. Уште непочнат овој проект, гледаме дека владата исплатила 120 милиони евра пенали на изведувачот а оваа сума секако ќе биде, можеби и многу поголема затоа што се неспособни и не знаат ад работат, рече Аџиоски.
Тим предводен од генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски беше во посета на населените места во Општина Кичево, Староец, Вранештица, Другово и Србјани и каде разговараше за проблемите на граѓаните. Како што беше посочено власта ја руинира држава, краде милиони од секој проект, а ништо не е реализирано.
Сите не иритира криминалот кој секојдневно го гледаме и слушаме и чувствуваме. Земаат од нашите пари. Руинирани се институциите, секој проект самите го скандализираат, има сомнежи во секоја работа, еве и последниот со Бехтел и Енка видовте дека е проект кој од старт е криминален и уште една лопата не е фрлена, тие веќе префрлија милиони евра, рече Сајкоски.
Тим предводен од потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска ги посети населените места Тумчевиште, Галате, Вруток и Беловиште каде со граѓаните разговараа за проблемите, но и да се понудат решенија кои ќе влезат во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
Власта нема воопшто никаква грижа кон граѓаните. Секаде се исти проблемите. Граѓаните велат дека наместо корупција и криминал, нам ни требаат патишта, наместо да има инвестиции во водовод и канализација, власта троши милионски износи како казнени пенали за коридор 8. Власта со парите кои ги потроши за тие казнени пенали, кои се повеќе од 230 милиони евра можеше да изгради голем број на училишта, да изгради улици, да направи болници, да купи одпрема за здравствените домови кои навистина немаат никаква апаратура за работа, истакна Кочоска Димитриеска.