Марија Митева е магистер по правни науки, отсек деловно право.
На седницата меѓудругото се разгледувала актуелната економска и политичка ситуација, поврзани со актуелните случувања во време на пандемијата при што се изнесоа неколку заклучоци од страна на раководството.
Економската ситуација во Република Македонија никогаш не била полоша. Економијата и стопанаството трпат на сметка на неспособноста на Владата предводена од СДСМ, при 60.000 граѓани останаа без работа за само неколку месеци, а од друга страна се вработуваат партиски војници на СДСМ и се згрижуваат по институции, се вели во партиското соопштение испратено од опозициската партија.
Владата на СДСМ е угушена од корупција и криминал, согласно последните случувања со аферите Мафија 1, Мафија 2, запленетата дрога која е поврзувана со СДСМ и Заеви, криминалните тендери на Рашковски, како и криминалот кој се случува во сред пандемија во министерството за здравство, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДСМ и неспособноста на Венко Филипче и Зоран Заев и понатаму е главен проблем на државата, секојдневно одземајќи по десетици и десетици животи на граѓаните. Пандемијата единствено се користи за политички поени и за личен финансиски интерес на власта, како и на луѓе блиски до Филипче и Заев, додаваат од таму.