Мерко има обврска да соработува со институциите и тоа не треба да се поздравува како негова добра волја, како што прави Ковачевски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на премиерот Ковечевски дека нема да се меша во работата на обвинителството.

„ЈО и другите институции имаат право да извршат увид во вкупната документација на Општина Струга и сè што е поврзано со Мерко ако отворат случај и тоа не е на волја на Мерко дали ќе им дозволи или не“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски, наместо да биде поданик на ДУИ, како што тоа го прави откако е премиер, треба да побара одговорност од Мерко“, изјавија од партијата.

Од партијата, за граѓанските обврзници што ги истакна денес премиерот Ковачевски, велат дека „се само бледа копија на општинските обврзници, идеја на ВМРО-ДПМНЕ, што требаше да значи собирање пари за локални проекти, што СДС го закочи, само за да ја ископира идејата за задолжување, но не и нејзината цел, па сега, наместо проекти, ќе имаме злоупотреба на парите од владата“.

„Ковачевски очигледно ништо друго не знае, освен да биде поданик на ДУИ“, истакнаа од партијата.