Од партијата прашуваат дали агенцијата Брима изминатава година има земено над 120 илјади евра од Владата на Зоран Заев за изготвување на анкети кои ќе ја покажуваат розевата слика во Македонија?

-Патем, агенцијата Брима Доо од Скопје, не е светски познатата Брима Галуп, туку фирма од Македонија која е основана токму од бугарскиот социолог Рајчев која спроведува анкети во континуитет по нарачка на Зоран Заев, а преку медиуми блиски до власта. Зоран Заев соочен со целосен раскол и одбивањето на партиските организации да ги прифати кандидатите за градоначалници на Зоран и Вице, мора да пушта анкети на кои ќе се преставува како победник, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Единствена цел на оваа фингирана анкета на Брима е тешење на разочараното членство на СДСМ. Вистинската анкета за Зоран Заев и СДСМ ќе биде на 17-ти октомври, кога ќе го доживее најубедливиот пораз, токму од граѓаните.“