Митески во големо водство пред Трајановски
Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром е убедлив победник. Тој освои за малку не успеа да победи во прв круг: освои 49,09% односно 16.225 гласови. Зад него е кандидатот Александар Трајановски од СДСМ со 20,79% односно 6.872 гласови. Трета е Левица и Марјан Димитриев со 19,44% односно 6.425 гласови.
Во Советот на Аеродром бројките се јасни, ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство:
ВМРО-ДПМНЕ има 15 советници
Левица има 6 советници
СДСМ има 5 советници
ЗНАМ има 1 советник
Вкупно има 27 советници, а за мнозинство се потребни 14. ВМРО-ДПМНЕ сам има 15 советници, а нивниот коалиционен партнер ЗНАМ има еден советник. Така, бројката би била 16 советници во владејачкото мнозинство во Аеродром.