Интересно е што последниот ден Спасовски се сети дека постои нарко мафија. Таа иста нарко мафија 7 години претходно јадеше од раката на Спасовски, ова вечерва преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но не кажува и дека прво осомничениот од нарко мафијата која тргувала дрога од Латинска Америка, Шеваљ е другар и пријател на новиот технички премиер Талат Џафери. Како порано на Спасовски не му сметаше нарко кланот од Грчец, па се сликаше со него? За на крај, наградно прашање кој е овој европеец до Талат Џафери?“, прашуваат од партијата.