Не можат да најдат оправдување за своите предавнички политики, па смислуваат нови и нови лаги, но едно е типично за СДСМ, а тоа е да бегаат од сопствениот народ. Очигледно знаат дека народот е против нивните “историски договори“ кои директно го засегаат идентитетот и ги уништуваат националните и државните интереси.
Огромно мнозинство од јавноста е против нивните погубни политики. Предлогот кој тие го прифатија е сметан за неприфатлив од страна на над 70% од Македонците. Тоа што сега го нарекуваат “почнуваме преговори“ е новото “го добивме датумот“. Тоа кое што владата на Ковачевски и СДСМ го направија е внесување на Македонија во еден процес на вечни преговори или асимилација. Народот и експертите тоа го знаат и затоа им се спротивставуваат. Затоа однародоената и предавничка СДСМ ваквите наводни историски настани, кои всушност се порази, ги прославува во затворени дворови на кои присуствуваат само партиските полтрони и аминџии. Полицијата ги штити од сопствениот народ, прават приватни прослави зад високи ѕидини, а сега гледаме дека бегаат и од референдум.
СДСМ знаат дека вака мириса крајот на нивното владеење. Колку тој крај ќе се приближува, толку повеќе ќе се кријат од граѓаните, ќе стануваат понервозни и ќе пласираат почесто очајни лаги.