Хеликоптерот, посочуваат од партијата, не летна ниту еднаш за ниту еден ризичен случај, но лета за Заев и Филипче.

Смешни се обидите на Заев за вадење од калта во која сам потона. Доколку хеликоптерот на МВР е поефтино превознк средство од автомобилите, тогаш очекуваме тој веднаш да биде ставен на располагање на болниците низ државата, и да транспортира пациенти, наместо владини функционери, се наведува во партиското соопштение.

Доколку не е поефтин, велат, што е и реалноста, Спасовски да каже колку ја чинеше државата летањето на Заев.

Дали летањето на Заев чинеше 1.000.000 денари? И зошто тие пари наместо во борба против пандемијата се потрошија за хирот на Заев?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.