Вчерашното сведочење на обвинетиот Бојан Јовановски во случајот Меѓународен сојуз потврди дека Зоран Заев стои зад секоја матна зделка и корупција во Македонија. Впрочем ова уште еднаш покажува дека сите рекетирани пари во Македонија треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако имаше правна држава после вчерашните тврдења на Јовановски обвинителството ќе го повикаше на распит Зоран Заев да одговори каква била неговата улога во спорната зделка меѓу бизнисмените и Меѓународниот сојуз. Како што сведочеше обвинетиот Јовановски за оваа зделка знаеле Зоран Заев, Александар Кирацовски и Стефан Богоев. Како што изјавил и бизнисменот Амзовски ваквите зделки ги правел само затоа што политичари од власта тоа му го советувале. Сведоштвата потврдуваат дека Зоран Заев знаел за работењето на Меѓународниот сојуз кој сега е предмет на судски прогон, бил добро информиран и давал поддршка активностите.
Ова значи дека сите активности за кои сега се товари меѓународниот сојуз биле правени под покровителство на Зоран Заев, само што обвинителството и судството во Македонија се ставени под канџите на Заев и не смеат да ја истражат неговата улога. Секое споменување на неговото име во судница е строго забрането, а секое обвинение кое се поврзува со него завршува или во фиока или со нова „аболиција“
Заев треба да знае дека правдата можеби е бавна, но ќе пристигне, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.