Премиерот на Албанија, Еди Рама соопшти дека доби 192 илјади од кинеската вакцина „Синовак“.

За Босна и Херцеговина има 50 илјади од вакцини од Кина.

Во Македонија нула вакцини.

Во меѓувреме, во Србија масовно се вакцинираат македонски граѓани од новинари, полицајци, за викденов одат и лекари кои се очигледно заборавени од Венко Филипче.

Во Македонија нема ништо од вакцинација, ама има по неколку десеттина починати, бројката на новоинфицирани е четирицифрена.

Премиерот Зоран Заев и ресорниот министер чекаат од небо да им паднат вакцини, за договори за набавка на вакцини ниту имаа, ниту имаат зафатени се со провозиите.

Заев и Филипче ја направија Македонија црна точка на регионалната, како и на мапата на Европа и светот.

За ова Филипче и Заев ќе одговараат!