Од Министерството за здравство велат дека е можно да се предложат, нови, построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

-Не ја исклучуваме можноста да има нови мерки, порестриктивни, по анализата на состојбата од последните неколку дена. Какви мерки и да се препорачаат, граѓаните ќе бидат навреме информирани. Нема да се случи од денес за утре да се усвои мерка, ќе има доволно време за граѓаните да се подготват. Викенд – карантин и затворање на подолг рок, засега не се предвидува, велат од Министерството.

Министерот за здравство пред неколку дена потврди дека Македонија се наоѓа во трет, силен бран на коронавирусот.