СДСМ се лицемерни. Едно говореа пред неколку години, друго прават сега. Тогаш велеа дека е загарантирано со Устав правото на штрајк на вработените во образованието, а сега со закани, уцени и притисоци се обидуваат да го угушат штрајкот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во исто време трошат милиони евра на луксузирања, кафиња, цвеќиња, службени возила и криминални физибилити студии, а на наставниците им нудат само 10% покачување на платите и говорат дека нема пари.

Штрајкот на просветарите е логичен, до толку повеќе што ги бараат правата согласно колективен договор.

Патем понудата на власта е потценувачка ако се име предвид дека во овој краток период лебот поскапи за 110%, маслото за јадење за над 100%, горивата за 80%, струјата за 30% и сите останати животни трошоци од 30 до 50%.

Власта на СДСМ и ДУИ штедат на народот, за да имаат повеќе пари за криминални тендери и договори во 4 очи, стои во партиското соопштение.