Во продолжение пренесуваме соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„Во Онкологија функционирала организирана мафија, директорот, министерот и Ковачевски се директно одговорни.

Невозможно е да се случува кражба на цитостатици од масовни размери на Онкологија, а министерот и Ковачевски да не знаат. 20 милиони евра е акумулираниот долг на Клиниката, а никој не се запрашал зошто?

Самиот факт што никој од Онкологија не е во притвор говори дека власта го заташкува случајот.

Со СДС и ДУИ нема правда ниту за Онкологија, ниту за десетиците други случаи, потребни се промени, за рестарт на системот“.