Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер во Вила Водно ги пречека колегите од регионот кои денеска ќе учествуваат на состанокот на лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони.

„Добредојде за моите колеги од регионот со кои утре очекувам да имаме конструктивна дискусија на состанокот во рамките на Процесот брдо-Бриони”, напиша Пендаровски на Фејсбук, објавувајќи фотографии од пречекот на лидерите.

На фотографиите се претседателите на Словенија – Наташа Пирц Мусар, на Хрватска. – Зоран Милановиќ, на Црна Гора – Јаков Милатовиќ, на Косово – Вјоса Османи, на Албанија – Бајрам бегај и членовите на Босанското претседателство Жељка Цвијановиќ и Денис Беќиревиќ. На вечерата, според фотографиите, присутни биле и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни рбаоти Бујар Османи.

На утрешниот состанок најавено е и учеството на сршскиот претседател Александар Вучиќ и на хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.

Во фокусот на утрешниот лидерски состанок се европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите.

Процесот Брдо-Бриони првпат е одржан во 2013 година во Брдо кај Крањ, на заедничка иницијатива на претседателите на Словенија и на Хрватска, а основна цел на Процесот е целосна интеграција на земјите од регионот во ЕУ, стабилизација на ситуацијата на Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решеавање на отворените прашања.

Лидерите на земјите од Брдо-Бриони процесот се среќаваат најмалку еднаш годишно.