Инегралното соопштение го пренесуваме во продолжение:
– Народот, тивкото мнозинство на оваа држава има шанса на 17 октомври да излезе масовно и да гласа за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи само глас за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ е глас за промена на СДСМ и пад на оваа влада која ниже само порази. Граѓаните треба да знаат дека ск глас за помалите партии само се разделува опозицијата, и бидете сигурни дека секое отстапување надвор од ова здружено блоковско настапување против власт е уште еден голем експеримент кој е инвестиција на Заев за ситнење на отпорот, само за да купи уште еден месец повеќе за тендери и власт, се наведува во соопштението на партијата,
Посочуваат дека ад хок партии кои се создадени да го ловат незадоволство и разочараност и да си играат со емоциите на народот, преку испади и трикови кои не може да донесат реален прогрес се алатка на Заев.
– Ова е шанса и за тие кои во минатото бојкотираа, оние кои не планираа досегаа да гласат за ниту една партија, затоа што им е преку глава од сивилото. Не дозволувајте да пропадне вашиот глас. Неодговорната власт не е само последица на лошите особини на челните луѓе и првенците на власта, туку и поради игнорирањето и незаинтересираноста на добрите луѓе да учествуваат во политиката, тоа се луѓето кои одбрале да молчат кога требало да викаат. Сите вие огромно мнозинство кое сакате промени, кои сакате подобро утре време е да ја земете судбината во ваши раце. Гласајте за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.