За да вртат камиони со струмички таблици во Дрисла, на фирма блиска до Рашковски се менувани услови во сред оглас, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

За време на активен оглас за набавка на услуга – машини за работа во Дрисла се бришани условите како што било барањето за минимум 12 вработени. За со така сменети услови фирмата на Александар Пиперевалиев, кој е во роднинска врска со Драги Рашковски да добие тендери за две години во вредност од 850 илјади евра. Дали фирмата на Пиперевалиев ги добивала тендерите, кои патем се преговарани во четири очи заради неговата роднинска врска со Рашковски, и дали немало друга фирма која можело да работи во Дрисла под истите или можеби и подобри услови за претпријатието, па морало да се склучува договор во четири очи со роднината на Рашковски? Прашуваат од партијата.

Дали тие 850.000 евра, не можеле наместо за изнајмување на машини да се искористат за купување на нови машини на претпријатието или за редовно сервисирање на постојната механизација? Додаваат од таму.