– По една седмица во кома, денеска почина 63 годишниот овчар, кој откако преживеал мозочен удар наместо да добие адекватна лекарска помош, тој бил носен со часови од лекарот на итна помош низ планински терен, затоа што немало возило кое ќе го превезе, посочуваат од партијата.
Животот на овчарот од Кратово, велат можеби ќе беше спасен доколку навреме беше транспортиран во болница.
– Хеликоптерот со кој леташе Заев можеше да се употреби и за спас на овој човечки живот, но наместо за спас на човечки животи хеликоптерите на државата се користат за ќефот на Заев и врвот на власта. И овој како илјадници животи кои се загубија во оваа пандемија, е загубен пред се заради лошата организираност на власта и нивната неспособност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.