-Заевизмот го уништува стандардот на граѓаните. Од 1 јануари граѓаните плаќаат над 15% поскапи сметки за струја, а во Скопје и поскапо парно за 14%. Ако за СДСМ ова е малку, тогаш навистина се имаат одлепено од реалноста. Се што ветуваа излажаа, се што фатија или украдоа или исушија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е резултат на неодговорноста и неспособноста на власта на СДСМ. Кузеска и СДСМ да одржат уште десет прес конференции во кои ќе прикажуваат розови слики нема да го покријат фактот дека граѓаните тонат во сиромаштија.

Криминалот и корупцијата на власта доведе до тоа да бидеме најсиромашната и најнесреќната нација во Европа. Додека Заев и екипата јадат со златни лажици за празниците, народот ќе стравува како да врзе крај со крај во месецот, стои во партиската реакција.