ВМРО-ДПМНЕ соопштува дека на првиот работен ден, новиот министер за внатрешни работи тргнал во решавање на случајот Онкологија.
Едноставно се чекаше техничка влада и технички министер за да се размрдаат работите. А, постапката за откривање на случувањата на Онкологија требаше да биде завршена уште вчера, потенцираат од партијата.
Од партијата прашуваат зошто „случајот се ставаше под тепих“?
На власта предводена од СДС и ДУИ како да не и се работеше, како да не фаќаше да сработи ништо од што нема корист. Како да се чекаше на техничка влада и технички министер за да се размрдаат работите. Секој сторител на казнено дело треба да се најде пред лицето на правдата, стои меѓу другото во партиското соопштение.